Иван Ракитиќ веќе подолг период се поврзува со заминување од Барселон, а сега италијанските медиуми одново пишуваат на оваа тема.
Италијанската „Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер стапил во контакт со Иван Ракитиќ со цел да разговараат за можен трансфер на лето и наводно „нероаѕурите“ добиле позитивен одговор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на споменатиот медиум, хрватскиот играч за врска се согласил на трансфер во Интер. Во текстот за Ракитиќ и Интер се наведува дека клучна улога одиграла сопругата на фудбалерот која сакала да живее во Милано и успеала да го убеди Хрватот дека Интер е вистинскиот избор.
Оваа вест на „Газета“ дополнително добива на значење ако се знае дека шпанска „Марка“ неодамна објави дека Барселона нема да го продолжи договорот со Ракитиќ.
Следното лето во Каталонија пристигнува Холанѓанецот Френки Де Јонг кој важи за еден од најталентираните играчи на денешницата и овој фудбалер сигурно ќе бие огромна конкуренција на Ракитиќ, а тука е и Артур кој е се подобар. Хрватскиот репрезентативец има договор до 2021 година, но следниот месец ќе наполни 31 години и Барселона поради не сака да му даде поголема плата.
Ќе потсетиме, Интер во текот на летото на големо се поврзуваше со Лука Модриќ, подоцна се покажа и дека навистина биле блиску до негов ангажман, но сега би можеле да стигнат до потписот на друг Хрват.
GdS – L'Inter ha già il sì di Rakitic. E anche la moglie spinge per la soluzione nerazzurra https://t.co/xj3fz8jXOg
— FcInterNews.it (@FcInterNewsit) February 17, 2019