Дома Македонски спорт „Ракип ќе ја добие својата шанса, на него е дали ќе ја искористи“

„Ракип ќе ја добие својата шанса, на него е дали ќе ја искористи“

Денес селекторот Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварот со Лихтенштајн и Германија – ако сте го пропуштиле можете да го видите тука.

Ново име на списокот е фудбалерот од редовите на Малме Ердал Ракип кој неодамна доби право да настапува за македонската репрезентација. Ракип е играч од средниот ред и се очекува да ја засили конкуренцијата, Милевски денес порача дека шансата ја добива, а на него е дали ќе се наметне.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Со Ракип ќе добиеме на конкуренција во средниот ред. Останува на него дали ќе се наметне во иднина, тој е млад и неговата возраст ни дава за право да веруваме дека ќе го имаме понатаму“, изјави Милевски.

Натпреварот со Лихтенштајн го играме на гости на 8. октомври, додека на 11. ја пречекуваме Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…