Дома Фудбал Италија Раиола призна: Постои можност Погба да се врати во Јувентус

Раиола призна: Постои можност Погба да се врати во Јувентус

Контроверзниот менаџер, Мино Раиола даде интервју за инталијанските медиуми и повторно крена голема прашина.

Раиола мешу другото зборуваше за иднината на Пол Погба, кој влезе во последната година од договорот со Манчестер Јунајтед.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Менаџерот на Французинот не исклучува негово враќање во редовите на Јувентус.

„Пол Погба има договор до јуни, ќе разговараме со Манчестер јунајтед и ќе видиме што ќе се случи. Торино има посебно место во срцето на Пол, па има шанси тој да се врати во Јувентус, но многу работи зависат и од плановите на Јувентус“, изјави Раиола.

Погба следното лето ќе биде слободен агент, а интерес за него покрај Јувентус покажуваат уште ПСЖ и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дали судијата ја оштети Германија? 🎥

Германската репрезентација беше елимнирана од Шпанија во четвртфиналето на ЕП, откако посл…