Раководството на Јувентус и агентот Мино Раиола спремаат изненадувачки трансфер ова лето, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Станува збор за младиот напаѓач на Џенова, Андреа Пинамонти, кој е производ на школата на Интер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Џенова го донесе Пинамонти на позајмица од Интер, но уште во февриари ја активираше опцијата за откуп на договорот од 18 милиони евра.
Според медиумите двата клуба направиче џентлменски договор во 2021 година Интер да си го врати 21-годишниот напаѓач за сума од 20 милиони евра.
Меѓутоа, сега во целата ситуација се вмеша Јувентус, на кого нема да му биде тешко да го договори трансферот со оглед на одличните односи со Џенова. Двата клуба во последните неколку години направија бројни трансфери и добро соработуваат.
Јувентус сака да го откупи договорот на Пинамонти ова лето и да го остави на позајмица во Џенова уште една сезона.
Raiola is working to bring Pinamonti to Juventus.
— Bianconeri Zone (@BianconeriZone) June 29, 2020
[Corriere dello Sport] pic.twitter.com/v7WLxDmwdE