Дома Фудбал Останато Раиола: Ибра може да игра уште 6 години и да вади пари за мене!

Раиола: Ибра може да игра уште 6 години и да вади пари за мене!

36-годишниот шведски голгетер Златан Ибрахимовиќ може да игра фудбал и во наредните пет-шест години, тврди неговиот менаџер Мино Раиола.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед во април имаше тешка повреда на коленото, па се очекува да се врати на терените до крајот на годината.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Има толку многу енергија во него. Мислам дека може да игра минимум уште пет-шест години. Нема да му дозволам да се откаже, бидејќи сега треба да поработи за мене. Јас работев за него целите овие години. Сега е мој ред да добијам нешто. Децата ми пораснаа и имам потреба од пари. Се договоривме тој да работи само за мене во следните пет години. Платата ќе ја замема јас, а тој ќе добива процент“, се пошегува Раиола.

Ибрахимовиќ има договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, а потоа се очекува кариерата да ја продолжи во САД или Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џерард за Ливерпул и Слот: Ќе бидам брутално искрен…

Стивен Џерард е категоричен кога станува збор за враќање во Ливерпул – би се вратил …