Дома Фудбал Репрезентации Разочарување за Србија: Талентот на Баерн ќе игра за Германија

Разочарување за Србија: Талентот на Баерн ќе игра за Германија

Александар Павловиќ, одличниот фудбалер за врска на Баерн Минхен, изгледа нема да избере да настапува за репрезентацијата на Србија, откако доби повик за А селекцијата на Германија.

Последните денови се шпекулираше дека Павловиќ се уште размислува за својот избор и ќе одлучи по Европското првенство кое следува, но сега германските медиуми пренесуваат разочарувачки вести за нашиот сосед. “Билд” објави дека Павловиќ ќе биде вклучен во селекцијата на Нагелсман за мартовските натпревари, што значи дека ќе ја одбие поканата од Србија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Талентот од Баерн Минхен бил повикан во германскиот тим како замена за повредениот Леон Горецка и може да дебитира за А тимот на Германија на пријателските натпревари против Франција и Холандија.

“Моменталната ситуација е таква што Александар Павловиќ ќе биде повикан во германскиот национален тим овој месец за пријателските натпревари против Франција и Холандија. Причините за неговото повикување вклучуваат неговите извонредни настапи за Баерн, како и тоа што Србија се обидува да го убеди со вклучување во тимот на Европското првенство кое ќе се игра ова лето”, стои во текстот на “Билд”.

Младиот играч за врска има 19 години и се смета за еден од играчите со најголем потенцијал на својата позиција. Павловиќ оваа сезона одигра 17 натпревари за Баерн, постигна два гола и запиша две асистенции, а за него се предвидуваат големи успеси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…