Дома Фудбал Репрезентации Разочараната француска ѕвезда ја напушта репрезентацијата на 29 години

Разочараната француска ѕвезда ја напушта репрезентацијата на 29 години

Кингсли Коман на Европското првенство во дресот на Франција одигра само 16 минути. Неговата Франција беше елиминирана во полуфиналето до Шпанија, а Коман доби 16 минути во групната фаза против Холандија.

Во останатите натпревари селекторот Дешамп не му даваше шанса. Поради тоа брзоногиот офанзивец би можел да ја заврши репрезентативната кариера.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Л’Екип“ пренесува дека Коман е разочаран бидејќи направил се што треба за да биде спремен за Европското првенство по бројните повреди. Минатата сезона во дресот на Баерн одигра 27 натпревари, постигна пет голови и подели три асистенции. На теренот помина 1737 минути.

Французите пренесуваат дека Коман не планира долго да игра фудбал и тоа би можело да ја забрза неговата одлука за повлекување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо со потресна порака се збогува од Жота (Фото)

Трагичната вест за загинувањето на Диого Жота и неговиот брат Андре во сообраќајна несреќа…