Дома Фудбал Италија Рагник во Милан враќа клупска легенда и соработникот на Берлускони и Галијани?

Рагник во Милан враќа клупска легенда и соработникот на Берлускони и Галијани?

Ралф Рагник има една задача да дојде и да го врати Милан во самиот врв на италијанскиот фудбал!

Медиумите во Италија веќе се со месеци шпекулираат за доаѓањето на Рагник во Милан, а дека не се во прашање само гласини потврди и самиот тој. Рагник изјави дека постоеле разговори пред да се појават проблемите со коронавирусот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од условите кој тој ги поставил бил да управува со спортскиот сегмент, да одлучува за засилувањата, стручниот штаб…Наводно во Милан се сложиле со тоа и се чека крајот на сезоната за да биде именуван за нов тренер.

„Газета дело Спорт“ открива дека Рагник во Милан за помошник ќе го донесе поранешниот стопер на Милан Даниеле Бонера, но и легендарниот Ариедо Браида кој заедно со Силвио Берлускони и Галијани беше творец на големиот Милан.

Последниот ангажман Браида го имаше во Барселона каде што мисијата на советник ја заврши минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…