Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички потпиша договор со талентираниот Манојлов

Работнички потпиша договор со талентираниот Манојлов

Работнички потпиша професионален договор со големиот талент Никола Манојлов. Тој во текот на летните подготовки веќе се наметна кај шефот на стручниот штаб Љупчо Марковски и се очекува да игра значајна улога во тимот во новата сезона.

„Чест ми е што потпишав договор со Работнички. Верувам дека со напорна работа ќе се наметнам кај тренерот Љупчо Марковски и се надевам дека ќе дадам свој придонес во една успешна сезона за тимот“, вели Никола Манојлов.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Негови силни страни се дриблингот и неверојатниот сенс да се најде на вистинското место за да постигне гол. Можеби ќе го докаже тоа веќе на стартот од новиот шампионат.

Работнички в недела гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс во првото коло од новата сезона 2022/23 во Првата фудбалска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…