Дома Фудбал Англија Работите посериозни, услов за Мурињо, недовербата се поголема!

Работите посериозни, услов за Мурињо, недовербата се поголема!

Изгледа не луѓето во Манчестер Јунајтед им здодеа да слушаат исти приказни.

Жозе Мурињо продолжува да се жали, бидејќи го прогласи Ливерпул за кандидат за титулата и тоа за најголем по силните засилувања, продолжи со приказните за тоа дека нема тим и дека ќе биде многу тешко, особено затоа што на подготовките ги нема играчите кои беа на Мундијалот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Не е тајна дека е незадоволен од трансфер периодот, бара две засилувања, но и понатаму нема стопер, за Хари Мегваер Лестер бара 75 милиони евра, не е многу поефтин ниту Алдервилд, додека Бонучи ја одби понудата, сака да се врати во Јувентус.

Ед Вудворд и Мурињо не се во добри односи, управата на клубот е уморна од поплаките од страна на Португалецот, кажано му е дека може да доведе стопер доколку продаде некој од сегашниот тим. Линделоф, Рохо, Џонс, Смолинг сите тие се на продажба, но проблем што нема понуда или таа е мала.

Истата ситуација е со Дармиан, го сакаат Јуве и Интер, но за 10 милиони, додека Јунајтед бара повеќе пари. Цената на Перишиќ драстично се зголеми, Мурињо практично влезе во конфликт со Марсијал, Погба е незадоволен, па во клубот се повеќе веруваат дека е тренерот, а не играчите, проблем.

Медиумите во голема мера се занимаваат со симптомот за третата сезона, која кај Мурињо обично значи и добивање на отказ, но не би требало да се откаже. Од другата, страна тој со ваков тим нема што да бара во Европа, ниту во борбата за титулата, Сити го задржа и го засили тимот, Ливерпул е посилен, Челзи има добра екипа, без посериозна инвестиција, „Црвените ѓаволи“ се во неволја.

Ќе видиме како целата приказна ќе заврши, но пред стартот на првенството и дуелот со Лестер на 10. август, работите не делуваат ветувачки

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Беше фудбалска ѕвезда, денес е бездомник и спие на клупа, започна кампања за помош

Аполинар Паниагва, некогаш фудбалска ѕвезда, денес живее како напуштен бездомник на улицит…