Дома Фудбал Останато Работите брзо се менуваат: Се сеќавате што зборуваше Дембеле пред неколку недели?

Работите брзо се менуваат: Се сеќавате што зборуваше Дембеле пред неколку недели?

Еден од најинтересните трансфери летово го направи Осман Дембеле кој од Барселона премина во редовите на Пари Сен Жермен.

Дембеле во Барселона дојде како големо засилување кога Нејмар си змаина, но епизодата во Каталонија ќе ја памети по големиот број повреди. Беше мотивиран Дембеле да се покаже во подобро светло пред само некоја недела, но сето тоа падна во вода набрзо кога потпиша за ПСЖ.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Барселона сака да го обновиме договорот до 2027 година и мојот агент разговара со нив. Среќен сум што сум тука и сакам да продолжам, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Дембеле за „Марка“ на 17. јули.

„Барса сега е тим со искусни и млади играчи. Има многу добра атмосфера во соблекувалната. Како семејство сме. Се чувствувам многу добро во градот и имам многу добар однос со соиграчите. Среќен сум тука и играм“.

Сега овие изјави кои се дадени пред само неколку недели изгледаат навистина смешно…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тренерот на Валенсија не штедеше пофалби за Димитриевски: Многу добар натпревар, не само поради пеналот (Видео)

Столе Димитриевски блесна во дресот на Валенсија во Купот на Шпанија, каде што неговите ин…