Французинот Адриен Рабио се уште е без клуб откако го напушти Јувентус како слободен агент ова лето.
Според последните информации Французинот има две конкретни понуди на маса од Милан и Ливерпул. Како што пренесуваат медиуми голем проблем прави мајката на Рабио која е и негов агент бидејќи бара голема провизија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рабио сака плата од 7.5 милиони евра годишно, но тука е и провизијата која сака да ја добие и бонусот при потпис.
Сезоната започна, а Рабио е се уште без клуб, но медиумите тврдат дека во наредните денови ќе донесе конечна одлука.