Дома Трансфер зона Рабио се договори со Барселона, но ПСЖ смисли лукав план!

Рабио се договори со Барселона, но ПСЖ смисли лукав план!

Адриен Рабио и понатаму одбива да го продолжи договорот со ПСЖ, па се поизгледно е дека на лето како слободен агент ќе го напушти клубот.

Рабио во неколку наврати ја одби понудата од ПСЖ, па јасно е дека сака да ја промени средината, а медиумите тврдат дека веќе се договорил со Барселона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ објави дека двете страни постигнале договор и дека Французинот на лето ќе пристигна на „Камп Ноу“ како слободен играч. Сепак, ПСЖ не сака да го загуби фудбалерот без обештетување, па го промени планот.

Француските медиуми пишуваат дека „светците“ го ставиле Рабио на трансфер листа и сакаат да го продадат уште во јануари, а за неговата слобода бараат 10-15 милиони евра.

Сега останува да видиме дали Барселона или некој друг клуб ќе ја плати оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…