Фудбалерот на Бешикташ Миралем Пјаниќ испрати совет до Матијас Де Лихт кој се поврзуваше со заминување од Јувентус.
Де Лихт преку неговиот агент Мино Раиола порача дека сака нов предизвик, а Пјаниќ го светуваше дефанзивецот да размисли добро пред да донесе таква одлука.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„За некој да игра за Јувентус потребна е голема одговорност. Се уште сум заљубен во клубот, навивачите, тренерите, соиграчите…Имам прекрасни спомени и се надевам дека наскоро имам прилика да гледам некој натпревар на тој стадион. Не ми беше лесно да го напуштам Јувентус, но заминав поради Барселоан која ме следеше две години. Враќање во Јувентус? Би било феноменално“.
„Де Лихт направи одличен избор што одлучи да расте покрај Бонучи и Киелини. Среќен е во Јувентус и кога е среќен подобро му е да остане. Единствено ако не сака некои нови предизвци. Размисли два пати немој да ја направиш истата грешка која ја напраивв јас“, истакна Пјаниќ.