Дома Фудбал Италија Пјаниќ: „Десетката“ во Јувентус не треба да ја носи никој најмалку една година

Пјаниќ: „Десетката“ во Јувентус не треба да ја носи никој најмалку една година

Се заминувањето на Паоло Дибала на крајот од сезоната „десетката“ во Јувентус ќе остане слободна.

Неодамна беше соопштено дека Дибала ќе го напушти Јувентус како слободен играч, па бројот со голема историја во Торино ќе остане без сопственик. Во Јувентус во минатото „десетката“ ја носе играчи како Мишел Платини, Роберто Баџо и Алесандро Дел Пиеро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пјаниќ своевремено исто така настапуваше за Јувентус, па поврзан е со гигантот од Торино. Според Пјаниќ никој во Јувентус не треба да ја носи „десетката“ барем една година, затоа што таа треба да се заслужи.

„Најмалку една година никој во Јувентус не треба да носи „десетка“, прво мора некој да ја заслужи“, порача Пјаниќ.

Дибала на својот грб ја носи од 2017 година и не може да се каже дека ги оправда очекувањат, не беше Аргентинецот толку лош, но се очекуваше повеќе од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…