Дома Трансфер зона Пулишиќ го одби Лион, сака само во Милан

Пулишиќ го одби Лион, сака само во Милан

Фудбалерот на Челзи, Кристиан Пулишиќ веќе постигнал договор со Милан и ќе ги одбие сите останати понуди, пренесуваат италијанските медиуми.

24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, а Покетино даде зелено светло за негова продажба.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американецот влегува во последната година од договорот, па „сините“ се спремни да го пуштат за сума од 25 милиони евра.

Лион испратил понуда од 25 милиони евра која Челзи ја прифатил, но самиот Пулишиќ одбива да се пресели во Франција бидејќи сака трансфер во Милано.

„Росонерите“ се во напредни преговори со Челзи, но првата понуда изнесува 18 милиони евра, па „сините“ сакаат повеќе. Сепак, се очекува двата клуба да ја „испеглаат“ разликата со бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…