Дома Останати Кошарка Пукна „БОМБАТА“ во НБА: Ајзеа Томас во Лејкерси!

Пукна „БОМБАТА“ во НБА: Ајзеа Томас во Лејкерси!

Се чекаше да експлодира на реалција со Клиперси, а Кливленд активираше една со Лејкерси – Ајзе Томас ја менува средината.

Целосно неочекуван, до некаде и разбирлив потег на актуелниот шампион на лигата кој од Томас не го доби она што го очекуваше кога стигна од Бостон во замена за Кајри Ирвинг.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Кавси во Лејкерси ги испратија и Ченинг Фрај и пикот од првата рунда на овогодинешниот драфт, а за возврат ги добиваат Џордан Кларксон и Лери Ненс Жуниор.

Од овој трејд најмалку задоволен е Ајзеа Томас кој после натпреварот против Минесота изјави дека не сака да замине од Кливленд и дека му е доста од трејдови.

Кошаркарскатa јавноста во САД со недели наназад чекаше било каков потег од Кавси кои долго време бараа потенцијално решение и конечно нешто се случи на само нешто повеќе од два часа до затварање на периодот за трејд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Се повреди Виктор Вембањама

Американскиот професионален кошаркарски НБА тим Сан Антонио Спарс ќе биде без својот најдо…