Дома Топ вести ПСЖ тргнува по потписот на стоперот на Баерн Минхен

ПСЖ тргнува по потписот на стоперот на Баерн Минхен

psg

Уште во текот на вчерашниот ден со продажбите на Берчиче и Илконе со кој ПСЖ остана „чист“ кога во прашање е финансискиот фер-плеј стана јасно дека ПСЖ ќе тргне по нови засилувања.

Веќе денес се појавува првата вест од тој момент. ПСЖ го сака стоперот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Боатенг е еден од најдобрите и најискусни стопери во светот. Баерн наводно има намера да направи реконструкција на тимот, а самиот Ботенг неоадамна со изјава пред медиумите истакна дека е заситен од победи со Баерн Минхен и сака нови предизвици.

Засега нема информации каков договор е спремен да му понуди, ПСЖ, но претпоставките се дека со сигурност ќе биде подобар од неговиот сегашен во Баерн.

Овој стопер кариерата ја започна во Херта за во 2007 година да премине во Хамбургер, каде што го покажа својот потенцијал. Потоа следуваше неуспешна сезона во

Премиер лигата, но подоцна се покажа дека причина биле само повредите.

Манчестер Сити направи огромна грешка бидејќи после само една година продадоа одличен фудбалер, доказ подоцна беа неговите настапи во Баерн.

Во Минхен одигра 258 натпревари во сите натпреварувања и многу веројатно наредната сезона нема да го носи дресот на Баерн (ако судиме според неговата изјава).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…