Дома Трансфер зона На Боатенг му здосади да победува во Минхен, сака нови предизвици

На Боатенг му здосади да победува во Минхен, сака нови предизвици

boateng

Години наназад Жером Боатенг важи за столб во одбраната на Баерн Минхен и Германија, член беше и на генерацијата која во 2013 година ја покори Европа.

Но, изгледа дека на овој фудбалер Минхен и доминацијата во Бундес лигата му здосади. Има 29 години и сака нови предизвици, па не ја крие желбата после Мундијалот да го напушти Баерн.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Едноставно, на „Алијанц Арената“ направи се што можеше.

„Освоивме се што може да се освои во клупскиот фудбал, а кариерата е ограничен. Нема да се лажам себе си, немам повеќе 10 години пред себе во фудбалот, но сигурен сум дека физички можам уште многу да пружам. Мислам дека има уште неколку добри години пред мене“.

„Полека стигнав до точка да се запрашам: што е тоа што не сум го направил: Дали сакам да се докажувам во истиот клуб, да ги имам истите цели? Се е во личните предизвици. Не е ова прашање на кариера. Тоа се животни прашања“, изјави Боатенг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…