Рафаел Леао игра фантастична сезона во дресот на Милан и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, па неколку европски гиганти веќе покажуваат силен интерес за неговиот потпис.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сепак најконкретен е интересот на ПСЖ кој веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш.
ПСЖ во него гледа идеална замена за Мбапе и се спремни да понудат 80 милиони евра за неговиот потпис.
Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил тројно зголемување, па е спремен да ја одбие секоја понуда која ќе пристигне за Португалецот.