Фудбалскиот клуб Пари Сент Жермен ќе биде исклучитечно активен во летниот преоден рок, пренесуваат француските медиуми.
Имено, раководството на ПСЖ спрема мини реконструкција на тимот и е спремно да продаде седуммина фудбалери, а исто така планира да донесе една супер-засилување од 100 милиони евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
На листата за заминување од Париз се Сиригу, Криховјак, Орие, Матуиди, Бен Арфа, Лукас и Пасторе, кои ќе бидат слободни да заминат доколуку пристигнат соодветни понуди.
Притоа, парите од продажбата на овие фудбалери ПСЖ сака да ги насочи кон доведување на една голема ѕвезда од 100 милиони евра.
На листата желби се наоѓаат тројца фудбалери Пјер Емерик Обамејанг од Бортмунд, Алексис Санчез од Арсенал и Кун Агуеро од Манчестер Сити.
Притоа „светците“ имаат намера да донесат и еден лев бек кој би требало да го замени Максвел, а прва мета е Рикардо Родригез од Волфсбург.