Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.
„Светците“ планираат да испратат понуда за 23-годишниот дефанзивец, кој одигра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ е најактивен на трансфер пазарот и веќе ги осигура потписите на Вајналдум, Серхио Рамос, Хакими и Донарума, а сега сака да ја засили и левата бековска позиција.
Покетино го посочил Хернандес како примарна трансфер цел, а „светците“ спремиле понуда од 50 милиони евра.
Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и е спремен да ја одбие понудата.
🚨⚠️ After #Bakker sale to #BayerLeverkusen for €7M, #PSG come back to think to #TheoHernandez for the left-back: #Leonardo studies the operation. 🐓⚽️ #Calciomercato #Transfers #SerieA #Ligue1
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) July 12, 2021