Дома Фудбал Останато ПСЖ почнува преговори со Зидан

ПСЖ почнува преговори со Зидан

ПСЖ размислува за смена на тренерот Маурисио Покетино и сака да го ангажира Зинедин Зидан, пренесуваат француските медиуми.

Очекувањата на „Паркот на Принцовите“ се многу големи откако ова лето пристигна Лионел Меси. ПСЖ има голема предност во француското првенство, но резултатите во ЛШ не се убедливи.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Поради тоа „светците“ размислуваат за тренерска смена и сакаат да ја искористат ситуацијата кога Зинедин Зидан е слободен.

Французинот има понуда од Манчестер Јунајтед, па поради тоа на ПСЖ им се брза и веќе стапиле во контакт со Французинот.

Самиот Зидан преферира да седне на клупата на ПСЖ, па се очекува двете страни наскоро да започнат интензивни преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го зема англиското „чудо од дете“ пред носот на Германците

Барселона продолжува со политиката на доведување на најголемите млади таленти во европскио…