ПСЖ се вклучи во трката за потписот на францускиот репрезентативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Коло Муани.
Коло Муани игра фантастична сезона во Бундеслигата, а се покажа во одлично светло и на Мундијалот, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Светците“ веќе почнаа да работат на трансферот и сакаат да ја победат конкуренцијата. Раководството смета дека Коло Муани ќе биде идеален партнер за Мбапе во нападот.
Ајнтрахт сигурно нема лесно да се откаже од Французинот и за неговата слобода бара 100 милиони евра.
Француските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор Кампос веќе почнал преговори со агентот на Коло Муани.