Дома Топ вести ПСЖ почна преговори со Бернардо Силва

ПСЖ почна преговори со Бернардо Силва

Пари Сент Жермен значително го засили тимот ова лето, но сака да донесе уште едно големо засилување, а најголема желба е Бернардо Силва.

ПСЖ веќе почна да работи на трансферот бидејќи Португалецот е примарна трансфер цел за „светците“ ова лето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бернардо Силва има богата понуда од Саудиска Арабија, но сака да остане во Европа, а неговиот агент Жорге Мендеш веќе почнал преговори со ПСЖ.

Манчестер Сити ова лето нема да му стои на патот и е спремен да го продаде и за неговата слобода бара најмалку 80 милиони евра.

ПСЖ нема проблем да ја плати таа сума и сака што побрзо да го договори трансферот бидејќи иднината на Мбапе е неизвесна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…