Дома Фудбал Останато ПСЖ потврди: Нови договори за Нејмар и Мбапе

ПСЖ потврди: Нови договори за Нејмар и Мбапе

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо потврди дека клубот е во напредни преговори со Нејмар и Мбапе за продолжување на соработката.

Договорите на Нејмар и Мбапе истекуваат во јуни 2022 година, па ПСЖ сака до крајот на сезоната да се реши иднината на двете ѕвезди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Што се однесува до Нејмар, на вистинскиот пат сме. Но, се ќе биде завршено кога ќе стави потпис, а тоа се уште не се случило“, изјави Леонардо.

„Преговорите со Мбапе се малку покомплицирани. Разговараме веќе подолго време. Ќе дојде момент кога ќе мораме да заземеме позиција, да донесеме одлука. Мислам дека се повеќе се приближуваме до тој момент“, изјави спортскиот директор, кој потврди дека клубот сака да ги продолжи договорите и со Ди Марија и Бернат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Прво претепа момче во јавност, а сега олимписката шампионка повторно уапсена за друг прекршок

Американската олимпијка и освојувачка на злато во Париз во штафетата 4×100 метри, одн…