Шпанските и француските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид се повлекол од преговорите за Килијан Мбапе.
Попладнево се појавија нови информација дека „кралевите“ понудиле 200 милиони евра, односно 170 милиони веднаш и 30 милиони преку бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се шпекулира дека ПСЖ не попушта во преговорите само затоа што не успеал да пронајде замена за Мбапе, а една од желбите бил Винисиус Жуниор, кој требало да биде вклучен во трансфер, но Реал ја одбил таа опција.
Последните информации се дека Реал Мадрид го известил францускиот клуб дека се повлекува од преговорите за трансфер на Мбапе.
Се чини дека Мбапе ова лето ќе остане во ПСЖ, па Реал ќе се обиде да го доведе на крајот на сезоната без обештетување.
Real Madrid are walking away from trying to sign Kylian Mbappe.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 30, 2021