Дома Фудбал Франција ПСЖ не помислува Меси да замине – се спрема новиот договор!

ПСЖ не помислува Меси да замине – се спрема новиот договор!

Француските медиуми пренесуваат дека во ПСЖ веќе размислуваат да му понудат нов договор на Лионел Меси.

Парижаните се задоволни од учинокот на искусниот напаѓач и спремни се пред еден од најдобрите фудбалери во историјата да изнесат понуда за продолжување на договорот за две години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се уште не започнале преговорите помеѓу двете страни и тие би требало да се случат после Светското првенство во Катар, значи дека тоа нема да биде пред декември.

После првата сезона која не беше на нивото на очекувањата за играч како Меси, Аргентинецот сезонава игра одлично и на седум натпревари постигна три гола и подели седум асистенции.

ПСЖ е лидер на табелата во француското првенство со 19 бодови во седум натпревари, во следниот викенд „светците“ ги очекува гостување кај Лион. Договорот кој го потпиша Меси кога дојде во ПСЖ минатото лето има важност до крајот на сезоната 2022/2023.

Изминатите месеци се шпекулираш дека би можел да се врати на „Камп Ноу“ по истекот овој договор, меѓутоа во ПСЖ не мислат така. Ќе видиме каква ќе биде одлуката на Меси…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…