Иако според многумина имаат „тим од соништата“, раководството на Пари Сент Жермен не застанува да изненадува на трансфер пазарот.
Француските медиуми потврдија дека „светците“ веќе договориле ново засилување, овој пат за „само“ 10 милиони евра.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Станува збор за фудбалерот на Флуминенсе, Вендел кој би требало да биде замена за неговиот сонародник Тиаго Мота.
20-годишниот играч за врска додатно треба да го засили фантастичниот среден ред на ПСЖ, а од следната сезона да го наследи Тиаго Мота и да биде партнер на Верати.
Вендел веќе потпишал 5-годишен договор со ПСЖ, а ќе пристигне кога ќе биде отворен јануарскиот преоден рок.