Дома Трансфер зона ПСЖ му нуди на Мбапе договор каков што фудбалот не памети

ПСЖ му нуди на Мбапе договор каков што фудбалот не памети

Францускиот гигант ПСЖ прави се за во своите редови да го задржи феноменалниот напаѓач Килијан Мбапе и одлучија да му понудат неверојатни 150 милиони евра за договор на две години.

Килијан Мбапе ќе биде слободен на крајот од сезоната, а на големо се најавува неговиот трансфер во Реал Мадрид. За 23-годишниот фудбалер францускиот гигант е спремен да издвои неверојатна сума од 150 милиони евра за договор на две години.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Оваа информација ја пренесе познатиот новинар Гилијам Балаг. Тој истакан дека ПСЖ ја спремил оваа сума за договор на две години и тоа е сума која не се памети во светот на фудбалот.

Од друга страна Реал Мадрид наводно му понудил околу 30 милиони евра годишно, а се наведува дека со преговорите со ПСЖ Мбапе се обидува и да извлече повеќе пари од Мадрид. Бројките кои се вратат околу Мбапе се навистина неверојатни и ќе биде интересно да се види каква одлука ќе донесе фантастичниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …