Дома Фудбал Останато ПСЖ може и без головите на Нејмар, „светците“ со пресврт до победа против Рен (ВИДЕО)

ПСЖ може и без головите на Нејмар, „светците“ со пресврт до победа против Рен (ВИДЕО)

Домаќинот имаше свои прилики, но сепак на крајот мораше да се помири со поразот.

Во шестото коло од француската Лига 1, фудбалерите на ПСЖ славеа против Рен со резултат 3:1.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Парижаните доминираа од самиот почеток на натпреварот, но домаќинот прв дојде до водство. Адриен Рабио си постигна автогол во 11-тата минута од средбата после еден изведен корнер.

Екипата на Томас Тухел до погодок стигна во 26 минута, но сепак Кавани беше офсајд, па резултатот остана 1:0.

Голот на кој можеа да се израдуваат стигна во 45 минута кога погоди Анхел Ди Марија.

Во вторите 45 минути видовме отворена игра бидејќи и Рен сакаше да се надигрува, но и покрај тоа што имаа неколку прилики за погодок не успеаа да го избегнат поразот.

ПСЖ до водство стигна преку Томас Муниер во 61 минута, за точка на натпреварот да стави Чупо-Мотинг на седум минути пред истекот на регуларните 90.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

От Реал подготвиле 100 милиони фунти за носителот на „Златната топка“

Раководството на Реал Мадрид размислува да испрати понуда вредна 100 милиони фунти со цел …