Француски „Ле Парисиен“ пренесува вест за еден интересен трансфер на Пари Сен Жермен.
Французите ќе купат момче родено 2007 година и тоа не би било некоја вест доколку тоа момче не се вика ни помалку, ни повеќе – Килијан Мбапе! Да, како тинејџерот кој е вистинска сензација во фудбалска Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И ако видиме од каде доаѓа можеби станува збор за сериозен талент.
Новиот Мбапе е член на истата младинска школа каде што некогаш одеше Пол Погба. Освен тоа медиумите во Франција кои повеќе го следат ПСЖ наведуваат дека ова момче има шанси еден ден да стане дел од првиот тим на ПСЖ.
За француските медиуми зборуваше и таткото на 12 годишниот Килијан Мбапе.
„Луѓето често ме прашуваат дали сум му дал име на синот по славната ѕвезда. Меѓутоа тоа не е ниту возможно затоа што разликата помеѓу нив е само осум години. Кога мојот син дојде на овој свет Мбапе не беше голем фудбалер и беше „анонимец“ за пошироката јавност како што е денес“, зборуваше таткото Ерик Мбапе.
Потоа беше и запрашан и за очекувањата од неговиот син.
„Секако дека би сакал мојот син еден ден да стане голем фудбалер и да игра за ПСЖ, но во исто време сум свесен и дека тоа е тешко да се постигне“, додаде Ерик.
Под претпоставка дека Мбапе ќе остане во Париз уште 5-6 години би било навистина интересно да се гледаат двајца фудбалери со исто име во еден голем европски клуб, секако ако новиот Мбапе успее.