Дома Трансфер зона ПСЖ и Тухел спремни да ги расипат плановите на Баерн Минхен

ПСЖ и Тухел спремни да ги расипат плановите на Баерн Минхен

Парижаните воспоставија контакт, одлуката е на играчот.

Арон Рамзи ќе го напушти Арсенал на крајот од сезоната, а вчера сите медиуми на Островот најавија дека негов нов клуб ќе биде Баерн Минхен.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Од Островот со сигурност се тврдеше дека Рамзи ќе се пресели во Минхен и ќе потпише договор на три години, но сега во трката се вклучил и ПСЖ.

Главен адут на Французите би можел да биде доколку Венгер ја превземе функцијата на спортски директор во Париз, но тоа не е сигурно.

Сепак, како проблем кој би можел да ги откаже „светците“ се наведуваат честите повреди на репрезентативецот на Велс.

Како и да е информациите се дека контактот е воспоставен, а останува да се види дали ќе успеат да го „украдат“ од „пред носот“ на Баерн Минхен.

https://www.youtube.com/watch?v=37bTpDjeLnk&t=1s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…