ПСЖ преговара со Монако за доведувањето на Килијан Мбапе на позајмица, со можност следното лето да го откупи договорот на тој напаѓач, пренесува денес Скај.
Во договорот е вклучено и преминувањето на Лукас Моура во Монако , а Скај пренесе дека клубовите се моментално далеку од договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ на почетокот на месецот го донесе Бразилецот, Нејмар од Барселона за рекорден трансфер од 222 милиони евра.
Скај Италија наведе дека вредноста на договорот кој ги вклучува Мбапе и Моура е 140 милиони евра.
За 18-годишниот Мбапе ова лето беа заинтересирани бројни европски екипи меѓу кои и Реал Мадрид, Барселона, Манестер Сити, Ливерпул и Арсенал.
Управата на Монако изминатиот месец соопшти дека до крајот на летниот преоден рок нема да има повеќе заминувања, бидејќи некои клубови се заинтересирани и за Лемар, Сидибе и Фабињо.
Монако тогаш негираше дека добиле понуда од Реал вредна 175 милиони евра за Мбапе, кој се прослави изминатата сезона, откако постигна 26 погодоци и имаше осум асистенции за Монако, со кој ја освои шампионската титула и играше во полуфиналето од ЛШ.