
ПСЖ започна преговори со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер пренесува еминентниот „Билд“.




28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите се во застој.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски гиганти кои се заинтересирани за Германецот, но ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата.




Имено, ПСЖ веќе стапил во контакт со неговиот агент започнал преговори за трансфер на Ридигер без обештетување во Париз.




„Светците“ се спремни да ги исполнат неговите финансиски барања и да го направат Рудигер најплатен дефанзивец во светот, но треба да ја победат конкуренцијата од Реал Мадрид.