Дома Фудбал Останато ПСЖ доби финансиска инјекција од 316 милиони евра!

ПСЖ доби финансиска инјекција од 316 милиони евра!

Додека УЕФА внимателно ја следи финансиската ситуација во Пари Сент Жермен, газдата Насер Ал Келаифи му даде на клубот финансиска инјекција од 316 милиони евра чисти пари, пренесуваат француските медиуми.

Значи, не станува збор за никака заработка низ вообичаеното клупско работење, туку една врска подарок од страна на сопственикот на францускиот клуб. Раководството тие пари може да ги користи како сака – за плати, трансфери, вложување во младинскиот погон…


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


За да докажат дека навистина имале увид во финансиските извештаи на ПСЖ, угледните француски медиуми изнесоа некои прецизни податоци. Па така се дознава дека трошоците на „светците“ за 2017 година изнесувале 458 милиони евра, што е помалку за 6% од претходната година.

ПСЖ годината ја завршил со профит од 8,2 милиони евра. Преку спонзорски договори во клубот влегле 242 милиони евра, а од ТВ права 122 милиони евра. Само од влезници францускиот клуб заработил 52 милиони евра.

Потсетуваме, Пари Сент Жермен само на двајца фудбалери, Нејмар и Мбапе, минатата година потроши 400 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Синот на Златан Ибрахимовиќ ја избра репрезентацијата за која ќе настапува

Младиот центарфор летово го потпиша својот прв професионален договор со Милан. Максимилија…