Борусија Дортмунд се согласи да го продаде играчот за врска Јулијан Вајгл во Пари Сент Жермен, пренесува еминентниот „Паризиен“.
Вајгл оваа сезона го загуби местото во стартниот тим и „милионерите“ се согласија да го пуштат доколку ПСЖ биде спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ и минатото лето се обиде да го донесе Германецот, но тогаш Борусија не сакаше да го пушти. Меѓутоа, оваа сезона 23-годишниот играч запиша само 9 настапи.
„Светците“ се во потрага по играч за врска и се спремни да ја платат оваа сума, но нивна прва цел е Леандро Паредес од Зенит. Доколку не се реализира тој трансфер, тогаш ќе го донесат Вајгл во Париз.
Borussia Dortmund have informed midfielder Julian Weigl that he can leave the club if PSG offer €25m.
Should Manchester City look at acquiring the services of the 23-year-old? pic.twitter.com/uIc8eLniuR
— City Xtra (@City_Xtra) January 18, 2019