Дома Трансфер зона ПСЖ го сака најскапиот играч во историјата на Баерн?

ПСЖ го сака најскапиот играч во историјата на Баерн?

„Л’Eкип“ пренесува дека ПСЖ сака да го доведе дефанзивецот на Баерн Минхен, Лукас Хернандез (27).

Хернандез во овој момент е повреден, а на крајот на сезоната би можел да си замине бидејќи сезонава не играше премногу поради честите повреди. Францускиот фудбалер одигра 11 натпревари на кои собра 832 минути и Баерн сака да се ослободи од него.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Хернандез е најскапото засилување во историјата на Баерн. Германскиот гигант за неговите услуги плати 80 милиони евра на Атлетико Мадрид во 2019 година. Неговиот договор со Баерн истекува во јуни следната годината поради тоа Баерн може да го пушти ова лето за нешто и да заработи од неговото заминување.

Според „Трансфермаркт“, Хернандез вреди 50 милиони евра, а негов голем фан е и Луис Кампос, спортскиот директор на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…