Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Барселона наредното лето.
Каталонските медиуми истакнуваат дека ПСЖ е повторно заинтересиран за Де Јонг, исто како и кога се обидуваше да го доведе додека играше за Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Барселона најголем проблем е високата плата, а поради финансиските проблеми на лето повторно ќе мора да продава играчи.
Според каталонски „Спорт“, Каталонците на лето се спремни да го продадат, но за неговата слобода бараат 85 милиони евра.
Покрај ПСЖ, интерес за Холанѓанецот покажуваат уште англиските гиганти Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед.