Дома Фото ПСЖ го претстави резервниот дрес и додели нов број на Мбапе

ПСЖ го претстави резервниот дрес и додели нов број на Мбапе

Француски ПСЖ денеска преку Твитер профилот го претстави новиот резервен дрес со кој клубот ќе игра во наредната сезона.

Дресот е во бела боја, а главен манекен беше Килијан Мбапе, една од главните ѕвезди на неодамна завршениот Мундијал во Русија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Една од главните причини поради која Мбапе го претстави дресот е поради новиот број на дресот. Најдобриот млад фудбалер на Мундијалот од наредната сезона ќе го носи бројот 7 кој го доби откако Лукас Моура во јануари премина во Тотенхем.

Инаку, неговиот омилен број е 10, но тој број во ПСЖ е резервиран за Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Ерата на Мохамед Салах заврши, но Ливерпул доведува ‘ѕвер’

Мохамед Салах по девет години го напушта Ливерпул. Сѐ е подготвено за неговото заминување …