ПСЖ денес официјално го претстави новиот тренер Луис Енрике, кој потпиша договор до 2025 година.
Шпанскиот стратег денес беше претставен на пресконференција на која присуствуваше и претседателот Ал Келаифи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На пресот Ал Келаифи зборуваше и за иднината на првата ѕвезда Килијан Мбапе и јасно му порача дека ако не стави потпис на нов договор ќе биде продаден.
„Нашиот став како клуб е јасен и денеска пак ќе го повторам – нема шанси Килијан Мбапе да си замине како слободен играч во 2024 година. Не сме луди, да го имаме најдобриот фудбалер во светот и да дозволиме тој да си замине од клубот без никаква отштета“.
„Тоа веќе му е соопштено и на Килијам, или ќе потпише нов договор со ПСЖ или ќе биде продаден летово. Трета опција воопшто не постои. Тој кажа дека не сака да си замине од клубот без отштета, не знам дали во меѓувреме го сменил својот став, но ние дефинитивно остануваме на она што го поставивме како клупска политика“, изјави Ал Келаифи.