Иако сме навикнати исклучиво со засилувања на големи имиња, ПСЖ овој пат донесе засилување во вид на нов спортски директор.
Францускиот клуб денеска најави враќање на поранешниот директор на Милан, Леонардо и Бразилецот на Паркот на Принцевите повторно ќе ја извршува позицијата спортски директор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Антеро Хенрик во петокот ја напушти позицијата, а клубот веднаш објави дека неговото место е пополнето со Леонардо, кој важи за успешен спортски директор и човек кој знае да препозае вистински играч, посебно на територијата на Јужна Америка, односно Бразил.
Тој додека работеше во Париз во периодот од 2011. до 2013 година ги донесе Верати, Ибрахимовиќ, Тиаго Силва…
? « ANNONCE LEONARDO ! »
?♂️ OK…
? Bienvenue @leo_de_araujo ! pic.twitter.com/21W8KTso42
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 14, 2019