Дома Фудбал Останато ПСЖ го избра тренерот за следната сезона

ПСЖ го избра тренерот за следната сезона

Француските медиуми пренесуваат дека голема желба на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е на клупата на својот тим да го види Маимилиано Алегри.

Сопственикот на ПСЖ ја цени работата на Алегри и смета дека ќе биде полесно да се победи во Лигата на шампионите со него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанецот во моментов е без ангажман после заминувањето од Јувентус, но веќе одби неколку понуди и најави дека ќе се врати дури следното лето.

Директорот на „светците“ Леонардо наводно веќе имал првични контакти со Алегри, кој дал „зелено светло“ за негово доаѓање во Париз.

Италијанските медиуми тврдат дека ПСЖ е спремен да му понуди 3-годишен договор „тежок“ 12 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанците направија споредба: Погледнете колку се променил изгледот на Арбелоа откако е тренер на Реал (Фото)

Шпанскиот стратег Алваро Арбелоа ја презеде тренерската функција на Реал Мадрид пред помал…