Дома Фудбал Останато ПСЖ ги повика Тухел и Мбапе на вонредна средба

ПСЖ ги повика Тухел и Мбапе на вонредна средба

Поради непримерното однесување на Килијан Мбапе и расправијата со тренерот Томас Тухел го принуди раководството на ПСЖ да ги повика двајцата на средба.

Мбапе излезе од игра во 68-та минута на мечот со Монпеље и реагираше многу бурно поради тоа. Тухел сакаше да го смири, но не му успеа, па нивната караница продолжила во соблекувалната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По мечот во соблекувалната на парижаните било бурно. Француските медиуми објавија дека Тухел бил бесен кога дошол во соблекувалната и потоа почнал да му држи лекции на младиот напаѓач.

Медиумите тврдат дека Мбапе не е среќен од работата на германскиот стратег и смета дека не знае правилно да го користи големиот потенцијал на тимот.

Поради тоа имало вонредна средба меѓу Тухел, Мнбапе и директорите на кои била смирена ситуацијата.

Статистиката е на страната на младиот Французин кој има постигнато 22 гола и 13 асистенции на 25 меча оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалер во Бугарија заврши во притвор – возел со 2.32 промили алкохол!

Изненадувачки вести доаѓаат од Бугарија – фудбалерот на ЦСКА Софија, Давид Пастор, е…