Претседателот на фудбалскиот клуб ПСЖ, Насер Ал-Келаифи отпатува во Мадрид на преговори со управата на Атлетико Мадрид.
Состанокот со менаџерот на 24 годишниот голман е закажан за во сабота, а неговата откупна клазула во овој момент изнесува 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико наводно одбива било какви преговори за поранешниот голман на Бенфика и се обидува да го задржи со нов договор и покрај тоа што сегашниот го врзува со клубот до 2021 година.
Клубот од Мадрид сеуште има забрана за регистирање на фудбалери до јануари, а Облак е еден од нивните најпознати фудбалери, како и еден од најдобрите европски голмани.
Облак не прими гол на 46 од 79 натпревари колку што одигра за клубот на Диего Симеоне.