Раководството на ПСЖ верува дека Килијан Мбапе има договорено трансфер во Реал Мадрид како слободен агент.
Неговиот договор со ПСЖ истекува следното лето и доколку се пресели во Мадрид како слободен агент ќе добие бонус од 100 милиони евра од Реал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ ја знае намерата на Мбапе, па поради тоа сака по секоја цена да го продаде ова лето и нема да дозволи да замине без обештетување во 2024 година.
Сепак, клубот му постави цена од 200 милиони евра, а таа сума нема да можат да си ја дозволат многу клубови.
Реал е спремен да плати 150 милиони евра ова лето, но во тој случај Мбапе нема да го добие договорениот бонус од „кралевите“, па поради тоа во моментов го одбива трансферот.
„Сапуницата“ околу неговиот трансфер трае, а ПСЖ е спремен да преземе порадикални мерки.
🔴 Le PSG, qui a fixé un ultimatum à Mbappé, est persuadé que le champion du monde 2018 a déjà un accord avec le Real Madrid pour une arrivée en 2024.https://t.co/hMi7zVK1QJ pic.twitter.com/nBSdDKFd2S
— RMC Sport (@RMCsport) July 7, 2023