Дома Фудбал ПСВ загуби после 13 победи во низа

ПСВ загуби после 13 победи во низа

Веројатно ниту најоптимистичните навивачи на ПСВ не верувале дека првите бодови клубот ќе ги загуби дури во 14. коло.

Овој тим славеше во првите 13 натпревари во сезоната и имаше импресивна гол разлика од 46:5, а вчера го доживеа првиот пораз и тоа од Фејнорд во Ротердам со 2:1.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Фејнорд одигра одлично прво полувреме после кое водеше со 2:0 со головите на Јоргенсен и Ларсон во 28. и 33. минута, а ПСВ успеа да намали и го ублажи поразот во 72. минута.

И покрај овој пораз, ПСВ останува на првото место на табелата со 39 бода, но сега има само два бода повеќе од Ајакс кој исто така игра одлична сезона.

Фејнорд останува на третото место со освоени 29 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема чест за Брера: Клубот го посети екс-тренер на Челзи!

По иницијатива и лична покана на Зоран Балдовалиев, денес во Струмица престојува легендарн…