Роберт Просинечки пред три месеци стана селектор на црногорската фудбалска репрезентација. По пoразите од Белорусија и Македонија во првите пријателски натпревари, тој одговараше на прашања за социјалните мрежи на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.
Најинтересен е одговорот на прашањето кое Црногорците го нарекоа ултимативно: Кој е најдобриот екс-ју фудбалер на сите времиња во историјата?
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Тешко е да се одбере најдобар. Ако сега кажам Дејан Савичевиќ, луѓето ќе мислат дека го бирам бидејќи ми е претседател. Имаше многу одлични фудбалери на овие простори, голем дел од нив ги одбележаа своите генерации. Генерацијата на Хрватска беше полна, да не зборуваме за времето на Црвена Звезда… Потоа и во репрезентацијата на Југославија играчи направија врвни кариери, со години беа во најголемите клубови на светот.
Еден од најдобрите со сигурност е Дејо, тука се и Шукер, Бобан, Папе Сушиќ… Ова се фудбалери кои ми паднаа на памет набрзина. Не сакам никој да се налути. Тоа беа играчи кои го одбележаа светскиот фудбал, а не само во Југославија“, изјави Просинечки.
Интересно, Просинечки не го ни спомна Лука Модриќ, единствениот добитник на „Златната топка“ од територијата на поранешна Југославија.