Репрезентацијата на Македонија до 21 година денес играше натпревар против Шпанија во рамките од квалификациите за европското првенство.
Во првите 45 минути гледавме изедначен натпревар без многу шанси на двете страни, се играше тврд фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И вториот дел не донесе некој атрактивен фудбал. Двете репрезентации се закануваа, меѓутоа 100% шансите изостануваат. Највозбудливи минути од целиот натпревар беа последните десет.
Никола Серафимов направи пенал во 83 минута преку кој Шпанија стигна до предност. Само четири минути подоцна и ние добивме можност да возвратиме на ист начин. По еден прекин и турканица главниот судија на мечот покажа на белата точка во наша корист. За жал Димитар Митровски лошо шутираше и не реализираше.
Македонија по ова реми ќе биде на третата позиција со еден бод помалку од Израел, а ист број на бодови со Казакстан и Црна Гора. Треба да се спомене дека Израел има еден натпревар повеќе од нас, а Црна Гора. Шпанија е убедливо лидер со 16 бодови. Последни се Фарски Острови со три освоени бодови.