Дома Фудбал Останато Пропушта цела недела тренинзи и натпревар против ПСВ за да спаси нечиј живот

Пропушта цела недела тренинзи и натпревар против ПСВ за да спаси нечиј живот

Фудбалерот на Венло, Ленарт Тај нема да игра во наредниот натпревар на својот тим против ПСВ, но поради навистина голем гест од негова страна.

Имено, Тај пред седум години ја понуди својата крв за луѓето кои боледуваат од леукемија и доколку неговата ДНК се поклопува им порача веднаш да го побараат.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Денес, седум години подоцна неговиот телефон заѕвони, а овој 26 годишен не размислуваше долго и одлучи да ја даде својата крв.

Од холандскиот клуб денес објавија дека Тај нема да тренира оваа недела и дека ќе го пропушти натпреварот против ПСВ.

Меѓутоа од клубот порачаа дека се горди на него бидејќи ќе може да спаси еден живот што е многу поважно од еден натпревар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хенес без влакно на јазикот: “Ако Исак вреди 150 милиони евра, тогаш Кејн е барем…”

Долгогодишниот челник на Баерн се осврна на пазарната вредност на напаѓачите и актуелните …